Амди Бајрам се скара со новинарите

Пратеникот од владеачката коалиција Амди Бајрам денеска во Собранието на Македонија вербално ги нападна новинарите поради тоа што тие не му земале изјава. Инцидентот се случи додека новинарите земааа изјава од пратеничката Флора Кадриу. Бајрам, револтиран бидејќи новинарите не му бараат изјава, почнал да ги навредува и да им се заканува. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по инцидентот посочи дека парламентарниот дом се оградува и го осудува ваквото однесување на Бајрам.