Мусави ги повика иранците да не учествуваат на закажаниот протест

Поразениот ирански претседателски кандидат Мир Хусеин Мусави испрати апел до своите подржувачи да не учествуваат во планираниот протест во Техеран, со цел, како што рече, „да се заштитат животи“. Во изминативе три дена илјадници приврзаници на опозицијата протестираа на улиците на Техеран, оспорувајки ги резултатите од претседателските избори на кои Махмуд Ахмадинеџад доби втор претседателски мандат. Лидерите на Русија, Кина и на други централноевропски земји му ја честитаа победата на Ахмадинеџад кој денеска е во Русија. Во меѓувреме, иранските власти и понатаму ги спречуваат странските медиуми да известуваат за протестите во земјата.