Први аукции на државни записи со девизна клаузула

Македонското Министерство за финансии денеска на пазарот на државни хартии од вредност ќе понуди државни записи со девизна клаузула. Со новиот финансиски инструмент, како што најави Министерството , преку првите аукции ќе бидат пуштени тримесечни и 12-месечни државни записи. На аукцијата на тримесечните записи ќе бидат понудени 650 милиони денари со каматна стапка од 5,25 проценти а на аукцијата на 12-месечните записи ќе се понуди износ од 350 милиони денари со каматна стапка од 7 проценти.