Турска воена делегација во Македонија

Воена делегација на оружените сили на Турција, предводена од началникот на Генералштабот генерал Илкер Башбуг, ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Турската воена делегација ќе биде пречекана со високи воени почести од нивниот домаќин, началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски. Реформските процеси во одбраната и трансформацијата на АРМ, како и проширување на воената соработка меѓу двете армии и идните заеднички перспективи на полето на одбраната, ќе бидат темите на кои ќе се разговара за време на дводневната официјална посета.