Лажна тревога- нема „нов грип“ во Хрватска

Хрватскиот министер за здравство Дарко Милиновиќ соопшти дека во Хрватска нема случаи на новиот грип А (H1N1), додавајќи оти лабораторијата во Лондон испратила погрешни резултати од анализа за лице во таа држава. Светската Здравствена Организација им се извини на хрватските власти поради испраќањето погрешен наод од анализа за присуство на вирус на новиот грип, јави Хрватската телевизија. Поради грешка од лабораторијата во Лондон, добивме погрешна потврда. Сега имам писмено извинување во кое стои дека тестот на вирусот е негативен, изјави министерот Милиновиќ. Претходно, на прес конференција тој изјави дека во Хрватска е регистриран прв случај на инфицирано лице со новиот грип, кое во меѓувреме без лекови само се излекувало.