Во Иран, истрага за изборните неправилности?

Иранскиот врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи наредил истрага во врска со наводите за неправилности за време на претседателските избори. Државната телевизија соопшти дека тој му порачал на поразениот кандидат Мир Хосеин Мусави тоа да го прави по легален и мирен пат. Во меѓувреме, агенциите јавуваат дека иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го одложил за утре денешното патување за рускиот град Екатеринбург на самитот на Шангајската организација за соработка.