Воздушен напад врз талибанските милитанти

Пакистанските вооружени сили извршија воздушен напад на талибанските милитанти. Офанзивата се случи вчеравечер, откако Претседателот Асиф Али Зардари изјави дека ќе се бори до крај со талибанците. Во изминатава недела талибанските милитанти убија две свештени лица и нападнаа ексклузивен хотел во Пешавар, убивајки девет луѓе.