Зголемени тензии во Иран

Во Иран се регистрирани судири меѓу полицијата и граѓани кои протестираат против победата на Махмуд Ахмадинеџад на претседателските избори кои се одржаа во петокот. Властите поставија блокади пред Министерството за внатрешни работи а иранските телевизиски и радио станици не ги пренесуваат изјавите на реформистот Мир Хосеин Мусави кој ги оспорува изборните резултати.