Талибанците презедоа одговорност за два напади

Талибанските милитанти ја презедоа одговорноста за два напади кои се случија во Пакистан во текот изминатиов период: убиство на свештено лице и бомбашки напад во хотел во градот Пешавар. Нападите на талибанците се реакција на воените офанзиви во долината Сват во северозападниот дел на Пакистан.