Двајца убиени во експлозија на бомба во Пакистан

Двајца се убиени во експлозија на бомба поставена покрај пат во Пакистан во северозападниот дел на земјата. Цел на бомбашкиот напад бил полициски автобус кој пренесувал затвореници, соопштија пакистанските власти, кои потврдија дека еден од загинатите бил полицаец. Во експлозијата има 18 повредени.