Европско размислување за решавање на хрватско-словенечкиот спор

Еврокомесарот за проширување Оли Рен во Брисел изрази желба за конечно решавање на хрватско-словенечкиот спор и нагласи дека во тој процес е потребно да се размислува помалку балкански и повеќе европски. Рен потврди дека вo понеделник во Луксембург ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Хрватска и на Словенија. Во меѓувреме, хрватскиот Премиер Иво Санадер изјави дека Словенија, со блокирањето на преговорите на Хрватска, не ги загрозува само реформските напори на Загреб, туку и напорите на цела Југоисточна Европа.