Врховниот лидер на Иран побара подршка на изборните резултати

Врховниот лидер на Иран Ајатолах Али Каменеи ги повика иранците да ја подржат победата на Махмуд Ахмадинеџад на вчерашните избори. Каменеи додаде дека излезеноста од 80 отсто на изборите, или вкупно регистрираните 24 милиони гласачи е гарант за напредокот на земјата. Согласно официјалните податоци, Ахмадинеџад доби речиси 63 отсто од гласовите. Неговиот противкандидат Мир Хосеин Мусави, кој официјално освои речиси 34 отсто од гласовите, ги оспорува резултатите од гласањето.