Абкхазија ќе се дестабилизира без Обединетите Нации

Шефот на мониторинг мисијата на Обединетите Нации во Абкхазија изјави дека непродолжувањето на мандатот на мисијата ќе ја разниша стабилноста во овој грузиски регион. Јохан Вербек во изјава за медиумите посочи дека етничките грузијци кои живеат во Абкхазија ќе останат незаштитени ако на мисијата на ОН не и` се продолжи мандатот кој завршува на 15 овој месец.