Северна Кореја се закани дека ќе произведува нуклеарни бомби

Северна Кореја денеска соопшти дека ќе продолжи со програмата за нуклеарно оружје и оти ќе го користи целиот произведен збогатен ураниум за да направи атомска бомба. Официјален Пјонг Јанг исто така се закани дека воено ќе реагира доколку Соединетите Држави и нејзините сојузници се обидат да ја блокираат Северна Кореја. Ова е всушност одговорот на Северна Кореја откако вчера Советот за безбедност на Обединетите Нации едногласно усвои нови санкции, вклучувајки и трговско и ембарго за оружје против таа земја поради извршениот нуклеарен тест на 25-ти мај годинава.