СБ на ОН одбри поостри санкции против Северна Кореа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска едногласно одобри проширување на санкциите и на ембаргото за трговија со Северна Кореа поради нејзините последни нуклеарни проби. Со тоа Обединетите нации ќе можат да вршат контрола на сите пратки од и за Северна Кореа. И Кина и Русија кои порано не поддржуваа казнени мерки против Северна Кореа, ја прифатија новата резолуција која сега, според меѓународното право, е обврзувачка.