Одложена посетата на претседателот Иванов на Бугарија

Поради презафатеност на претседателите на Македонија и на Бугарија Ѓорге Иванов и Георги Прванов е одложена работната посета на шефот на македонската држава на Бугарија. Ова се наведува во денешното соопштение на кабинетот на бугарскиот претседател што го пренесува бугарската агенција БТА. Посетата на Иванов беше планирана за 17 ти јуни во Банско. Од Кабинетот на македонскиот претседател информираат дека Иванов и Прванов на 19 јуни ќе учествуваат на Самитот на Централна Европа, што ќе се одржи во Нови Сад.