Голем одѕив на претседателските избори во Иран

На претседателските избори во Иран бил забележан исклучително голем одѕив на избирачите, поради што гласањето било продолжено за дополнителни два часа. Официјални извори во Техеран наведуваат дека на некои избирачки места би се гласало и до полноќ. Во Иран се регистрирани 46 милиони избирачи, а големиот одѕив се смета дека повеќе му одговорал на Мир Хосеин Мусави, главниот ривал на сегашниот претседател Махмуд Ахмадинеџад.