Ако има влошување на економијата ММФ ке помогне

Владата смета на поддршка од Меѓународниот монетарен фонд во повеќе форми, не исклучувајќи ја можноста во втората половина од годината доколку се влоши состојбата во Европа и Македонија да се размисли и за финансиска поддршка од ММФ, изјави денеска министерот за финансии Трајко Славески, запрашан за вчерашните разговори со претставниците на ММФ. На средбата се разговарало за движењата во светската и глобалната економија, а биле разменети мислења и за најновите показатели во македонската економија.