Македонија ќе го зголеми учеството во НАТО мисијата во Авганистан

Министрите за одбрана на НАТО денеска го завршуваат дводневниот состанок во Брисел со расправа за мисијата во Авганистан. Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вчера изјави дека сојузните се согласиле оти мисијата мора да покаже успех во наредната година ипол. На состанокот учествува и македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски кој вчера изјави дека Македонија ќе го зголеми учеството на силите во Авганистан.