Борби меѓу пакистанските сили и талибанците

Пакистанските безбедносни сили соопштија дека се судриле со милитанти кои се обиделе да влезат во резиденцијата на регионалниот армиски командант во северозападниот град Пешавар. Во престрелката двајца напаѓачи биле убиени, додека другите петмина биле уапсени. Милитантите ги интензивираа нападите, откако војската покрена офанзива против талибанците и Ал Каида во близина на границата со Авганистан.