Прогноза за времето- малку посвежо

Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со умерена облачност. Ќе има умерен развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи во источните делови од земјата. Ќе дува умерен, а наместа и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 23 до 30 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 26 степени.