Кристијано Роналдо во Реал Мадрид

Манчестер Јунајтед ја прифатил понудата на Реал Мадрид од 131 милион долари за продажба на Кристијано Роналдо. На веб страницата на Манчестер е наведено дека Роналдо изразил желба да замине и оти Реал Мадрид има право да преговара со него. Се очекува конечен договор до крајот на месецов, а ако биде постигнат, ќе биде соборен рекордниот трансфер на Кака, кој од Милан, исто така преминува во Реал Мадрид за околу 100 милиони долари.