Цената на нафтата на рекордно ниво годинава


Цените на нафтата на азијските берзи денеска достигнаа над 72 долари за барел, што е највисоко ниво годинава. Во март, годинава барел нафта се продаваше за 35 долари за барел. Сегашниот раст на цената на нафтата се должи на проценките на инвеститорите дека најлошото од рецесијата во Соединетите ДРжави е поминато и оти економската ситуација се подобрува.