Украина ги национализираше трите најголеми банки во земјата

Премиерот на Украина Јулиа Тимушченко изјави дека државата ги откупила главнините на трите најголеми банки во земјата. „Со тоа Родовид Банк, Укгазбанк и Киев Банк од денеска се јавни претпријатија“ изјави Тимушченко. Таа додаде дека Владата ги купила банките за 1,25 милијарди американски долари. Инаку, Украина е сериозно погодена од светската економска криза и користи заем од 16 милијарди американски долари од Меѓународниот Монетарен Фонд.