Фиат стана мнозински сопственик на Крајслер

Италијанската компанија „Фиат“ денеска потпиша купопродажен договор со американскиот автопроизводител „Крајслер“. Италијанската автокомпанија сега е сопственик на мнозинство од акциите на американскиот гигант. „Фиат“ соопшти дека наскоро ќе ги рестартира фабриките кои „Крајслер“ ги затвори поради банкрот.