Македонија ќе гарантира за заем од Европската инвестициска банка

Македонија ќе ја даде гаранцијата за 100 милиони евра заем од Европската инвестициска банка, наменети за поддршка на малите и средни претпријатија. Предлогот за гаранција на Македонија за заемот денеска помина во собраниската Комисија за финансирање и буџет, добивајќи поддршка и од мнозинството и од опозицијата. Се очекува македонските претпријатија средствата да можат да ги подигнат откако Владата ќе ги потпише договорите за гаранција за заем со Европската инвестициска банка.