Американскиот пратеник Мичел во мировна мисија во Рамала

Американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел денеска се состанува со палестинските лидери во Рамала. Неговата мисија има за цел обнова на израелско – палестинските мировни преговори. Мичел вчера се сретна со ираелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, кој се уште не се изјасни за решението две држави израелска и палестинска за ставање крај на конфликтот. Американскиот пратеник утре ке го посети Либан а задутре и Сирија.