Бомба во хотел во Пакистан- 11 загинати

Најмалку 11 лица загинале, а 70 се повредени во синоќешната експлозија на бомба во еден луксузен хотел во Пешавар, во северозападен Пакистан, соопшти полицијата. Изразено е страхување дека овој биланс не е конечен и дека меѓу жртвите има и двајца странски државјани. Бомбата со преку 600 килограми експлозив била скриена во еден камион за испорака и експлодирала во дворот на хотелот Перл Континентал.