СЗО- светот многу блиску до пандемија

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека поради зголемениот број случаи од новиот тип на грип во Австралија, можеби ќе мора да прогласи пандемија на оваа болест. Загриженост постои и поради невообичаениот пораст на бројот на заболени и во Канада. Вториот човек на организацијата Кеиџи Фукуда изјави дека светот е многу блиску до пандемија, но оти СЗО сака да ги избегне негативните ефекти од прогласувањето, бидејќи тоа би можело да предизвика паника или преземање несоодветни мерки.