Барел нафта над 70 долари

Цената на нафтата го постигна рекордот во последните седум месеци. Имено, на берзата во Њујорк еден барел се продава за нешто повеќе од 70 американски долари, што е највисока цена од ноември минатата година. Со тоа цената на нафтата од февруари годинава е зголемена повеќе од двојно.