Турција сака да ги нормализира односите со Ерменија

Анкара е за нормализирање на односите до соседна Ерменија, рече денеска турскиот Министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Во изјава за медиумите, Давутоглу тврди дека Турција се стреми кон брзо воспоставување односи со Ерменија врз стабилна основа. Тој додал дека Анкара внимателно го следи развојот на настаните во врска со односите меѓу Ерменија и Азербејџан и работата на ОБСЕ за решавање на конфликтот во Нагорно Карабах.