Затвореници од Гвантанамо Беј пристигнаа во САД

Американските власти соопштија дека првите затвореници од Гвантанамо Беј од Куба пристигнале во Њујорк, каде ќе им се суди за тероризам. Првото судење е закажано денеска против Ахмед Кхалфлан Гаиланти, за кого постои сомнение дека бил инволвиран во бомбардирање на две американски амбасади во Африка. Затворот Гвантанамо Беј треба да се затвори до крајот на годинава.