Британец прогласен за најопасен хакер во светот

Британски хакер е обвинет за провалување во комјутерите на Пентагон. Американските власти го обвинуваат Гери Мекинен дека од 2002 година ги хакирал компјутерите на Пентагон речиси 100 пати поради што е именуван за најопасен хакер во светот. САД бара британецот да биде екстрадиран во Америка каде се соочува со обвиненија кои може да му донесат и до 70 години затвор.