Хизболах го призна поразот на изборите во Либан

Лидерот на политичката партија Хизболах Хасен Насралах го призна поразот на парламентарните избори во Либан. На изборите, кои се одржаа во недела, мнозинството гласови го доби про-западната коалиција на чело со Саад Харири освојувајки 71 место во парламентот кој брои 128 места. Хизболах, политичка партија со подршка од Сирија и Иран, доби 57 места во либанскиот парламент.