Кинескиот претседател идната недела во Русија

Кинеското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека претседателот Ху Џинтао ќе ја посети Русија во идната недела. Имено, тој во Екатеринбург ќе учествува на состанокот на Шангајската организација за соработка во која покрај Русија и Кина се вклучени и Казахстан, Киргизстан, Таџикистан и Узбекистан. Во Русија во идната недела се очекува и првиот состанок на лидерите на Бразил, Русија, Индија и Кина. По овие состаноци Џинтао ќе ги посети Словачка и Хрватска.