Апел до Северна Кореа да ги ослободи американските новинарки

Семејствата на двете американски новинарки кои во Северна Кореа се осудени на дванаесет години принудна работа апелираа до официјален Пјонгјанг да покаже сожалување и да ги ослободи. Во заедничката изјава, семејствата на Лора Линг и Еуна Ли наведуваат дека се шокирани од казната и се извинуваат за евентуалните ненамерни погрешни чекори на репортерките во Северна Кореа.