Либан одржа мирни избори, потврди ЕУ

Изборите во Либан се одржаа во мирна атмосфера, оценија набљудувачите на Европската Унија. Шефот на мисијата на ЕУ за мониторинг на изборите во земјата Хосе Игнацио Салфранца изјави дека изборите се одржале „во поларизирана но општо мирна атмосфера, во рамките на подобрена легислатива на која сепак и е потребно понатамошно реформирање“. На изборите во Либан победи Коалицијата на чело со сунитската партија на Саад Харири, која е подржувана од Западот.