Несреќа во рудник во Украина

Најмалку 21 лице се водат како исчезнати по несреќа во рудник во Украина. Новинската агенција Интерфакс соопшти дека во времето на несреќата во рудникот имало 48 рудари од кои 27 биле извлечени откако рудникот се затрупал. Во тек е операција за спасување на останатите настрадани.