Обама загрижен за американските новинарки осудени во Северна Кореа

Портпаролот на Белата Куќа изјави дека Американскиот Претседател е „длабоко загрижен“ поради осудувањето на две американски новинарки на 12 години затвор во Северна Кореа. Портпаролот Бил Бартон додава дека САД „ќе ги искористи сите можни канали“ за ослободување на новинарките. Севернокорејските власти ги уапсиле двете американки во март годинава додека работеле на репортажа за бегалците на границата меѓу Северна Кореа и Кина.