Конзервативците водат на евроизборите

Конзервативците водат пред левичарските партии во изборите за Европскиот парламент, покажуваат првичните проценки- јавуваат агенциите. Конзервативните партии водат во Германија, Италија, Франција и во Белгија, додека во Британија, Шпанија и некои помали земји десничарите имаат благо водство или се изедначени со другите партии. За разлика од повеќето земји, проценките велат дека во Грција конзервативната Неа Демократија на актуеелниот премиер Костас Караманлис ќе доживее пораз. Според проекциите, десноцентристичките партии ќе имаат меѓу 263 и 273 пратеници во 736-членото собрание. Партиите лево од центарот добија меѓу 155 и 165 места, либералдемократите околу 80, а зелените околу 55 пратеници. Покрај тоа, овие избори ги обележа и рекордно ниска излезност. Првите проценки, што вчеравечер беа објавени во Европскиот парламент, велат дека на изборите излегле 43 насто од гласачите. Речиси 60 насто од Французите и околу 58 насто Германци не гласале на изборите.