Работнички Фершпед шампион на Македонија во кошарка

Кошаркарите на Работнички Фершпед ја освоија 14-тата титула првак на Македонија. По три години пауза, Работнички ја врати шампионската титула во „Градски Парк“. Тие вчера во Скопје забележаа победа од 76:66, во шестиот натпревар од финалето на кошаркарскиот плеј-оф, над бранителот на трофејот Фени Индустри.