Нови судири на вооружените сили со талибанците во Авганистан

Вооружените сили на САД и Авганистан спроведоа воена операција во која повеќе од дваесет лица беа убиени. Полициски извори потврдија дека во судирите загинале повеќе од дваесет талибански милитанти и еден авганистански полицаец. Во меѓувреме, во северозападниуот дел на Авганистан во провинцијата Фајраб талибанските милитанти нападнаа полициска станица и убија четворица полицајци.