Задоволителен одзив на гласачи на изборите во Либан

Гласачките места во Либан се полни со гласачи, се наведува во официјалните извештаи за текот на изборите. Денеска во земјата се одржуваат парламентарни избори на кои се очекува тесна трка помеѓу коалицијата на чело со сунитскиот политичар Саад ал Харири, подржан од САД, и Шиитскиот Хизбалах кој ја има подршката од Иран и Сирија. Гласачките места се отворени до пет часот попладне, според централно европско време, а првичните резултати ќе бидат објавени вечерва.