Убиен помошникот на чеченскиот вицепремиер

Непознат сторител го убил Халид Вајханов, помошникот на првиот вицепремиер на Чеченија одговорен за безбедносните структури во Владата. Вајханов бил застрелан со пиштол марка „Макаров“ вчеравечер во близина на трговска база. Мотивите за убиството се непознати а полицијата трага по убиецот.