Непознати причините за пожарот во детската градинка во Мексико

Се уште не се познати причините за пожарот во детската градинка во мексиканската држава Сонора. Бројот на жртви се искачи на 35 деца, откако шест починаа во болница. Настраданите се помлади од две години. Вкупно 142 деца се наоѓале во зградата кога настанал пожарот. Надлежните очекуваат дека бројот на жртви ќе расте.