Обама на средба со Саркози

Американскиот Претседател Барак Обама се сретна со францускиот Претседател Никола Саркози во градот Каен во Нормандија. Дискусијата помеѓу двајцата лидери се фокусира на повеќе меѓународни теми, меѓу кои состојбата во Авганистан, иранската нуклеарна програма, односите со Русија и глобалното затоплување. По разговорите Обама и Саркози ќе присуствуваат на комеморативна церемонија по повод 65 години од Денот Д . На церемонијата ќе присуствуваат и премиерот на Канада Стивен Харпер, британскиот принц Чарлс и премиерот Гордон Браун