5-мина британски министри во оставка

Министерот за транспорт во британската влада Џеф Хун денеска си поднесе оставка, што е 5-ти министер во владата на Гордон Браун што си заминува од функцијата во текот на оваа недела. Хун беше изложен на јавни критики поради неоправдано трошење државни пари.