Сменет украинскиот министер за одбрана

Украинскиот парламент денеска му изгласа недоверба на министерот за одбрана Јури Јекануров, близок соработник на претседателот Виктор Јушченко откако премиерот Јулија Тимошенко го обвини неговото министерство за корупција. Според украинскиот устав, шефот на државата ги именува министрите за одбрана и за надворешни работи.