,,Северна Македонија,, ненамерна грешка

Кабинетот на потпретседателот на Европската комисија Жак Баро денеска соопшти дека комесарот направил „ненамерна грешка“ кога го употребил терминот „Северна Македонија“. Претходно, и портпатролот на Баро изјави дека станува збор за грешка кога на вчершната прес конференција за напредокот на земјите од Западен Балкан во процесот на либерализација на визите со Унијата, Македонија ја нарече Северна Македонија.