Брамерц- Србија со напредок во соработката со Хашкиот трибунал

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц оцени дека Србија постигнала дополнителен напредок во соработката со Хашкиот трибунал, вклучително пристапот до документите, сведоците и архивите, додавајќи дека апсњето на Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ е од „суштинско значење“. Брамерц изнесувајќи го извештајот пред Советот за безбедност на Обединетите нации за напредокот на Србија во соработката со Хашкиот трибунал, изрази надеж дека таквиот тренд ќе продолжи.